Втора победа на Младинките против Бугарија

Втора победа на Младинките против Бугарија

Женската младинска репрезентација забележа втора победа против репрезентацијата на Бугарија во вториот пријателски натпревар одигран во салата “Автокоманда”.

Денес Македонија беше поуспешна од репрезентацијата на Бугарија со резултат 31:26, на полувреме 15:11. Почетокот на натпреварот започна успешно за Бугарија и поведоа со 1-3, потоа Македонската репрезентација ја презема контролата врз играта и резултатот, поведовме со 6-4, водството до крајот на полувремето беше зголемено за конечни 15:11.

Во второто полувреме репрезентацијата ја одржуваше својата предност за на крај да бидеме поуспешни од Бугарија со резултат 31:26.

Официјален записник од натпреварот

Листата на стрелци ја предводеше Јана Калајџиевска со 9 постигнати погодоци, потоа Јована Кипријановска со 5 погодоци, додека за репрезентацијата на Бугарија најефикасна ракометарка беше Маслева Марија со 5 погодоци.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,