Влезниците за Македонија – Чешка од среда во продажба

Влезниците за Македонија – Чешка од среда во продажба

Утре (среда, 8 јуни 2016) од 12:00 часот, почнува продажбата на влезниците за бараж-натпреварот за Светското Првенство 2017 помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 15 јуни 2016 со почеток од 20:00 часот.

Влезниците ќе може да се набават во сите продажни места на МК Тикетс по цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Влезниците се достапни online насекаде низ Македонија во продажната мрежа на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk:
– Југотон ГТЦ 1 кат
– Универзална Сала – Скопје
– Тобако – МПМ Прес
– Тобако Гоги – Драчево
– Тобако Дрводекор
– Тобако 2 – Скопјанка
– Њу Тобако – Охрид

Натпреварот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ќе претставува реванш од бараж-двомечот откако првата средба ќе се одигра во Злин на 11 јуни, а победникот ќе обезбеди учество на Светското Првенство во Франција 2017 година.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,