Соопштение

Селекторот на Македонската машка ракометна репрезентација, Лино Червар, по објавувањето на списокот од 28 ракометари за баражот за СП против Чешка, ги објави и имињата на дополнителни петмина играчи на кои ќе смета за сите идни настапи на репрезентацијата.


Проширениот список, односно вклучувањето на петмината ракометари во идните планови на репрезентацијата, е резултат на деталната анализа на нивните досегашни настапи на клупско ниво, низ кои покажаа квалитет и потенцијал да бидат дел од националниот тим.

Петмината ракометари на кои Червар ќе смета за идните настапи на репрезентацијата се:
Ласко Андоновски (РК Пролет 62 – Скопје)
Горан Печенковски (РК Охрид 2013 – Охрид)
Давор Палевски (РК Металург – Скопје)
Горан Крстевски (РК Металург – Скопје)
Иван Тасески (РК Охрид 2013 – Охрид)

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,