Со сите сили: ЗА МАКЕДОНИЈА!

Со сите сили: ЗА МАКЕДОНИЈА!

И покрај енормно тешкиот меч одигран на стартот на 13-то Европско ракометно првенство во Загрепската арена – тензичноста, критички интонираните обвинувања насочени кон арбитерите, неизвесноста која траеше до последните секунди од натпреварот – Македонија доби мошне важен меч против мундијалски „бронзената“ селекција на Словенија.

БРАВО за нашите момци кои херојски се бореа за секој топка и за секој постигнат гол. Големо БРАВО за извонредниот стратег Гонзалез и стручниот штаб и уште едно огромно БРАВО за брилијантната поддршка од трибините!

Нашите сениорски репрезентативци денес се соочуваат со нов предизвик: уште еден тежок натпревар против уште еден силен ривал – селекцијата на Црна Гора. После овој сериозен тест, следи можеби најтешкиот натпревар во групната фаза – со континентално „златната“ селекција на Германија.

Остануваме максимално посветени и фокусирани на играта! Веруваме во тимот и квалитетот а на крилјата на илјадници наши фанови и огромната поддршка од целокупната јавност спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес!

Со сите сили: ЗА МАКЕДОНИЈА!

 

Спортски поздрав,
Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,