Словенија противник на сениорките во баражот за СП 2019

Словенија противник на сениорките во баражот за СП 2019

Денес во Париз се одржа извлекувањето на двојките за бараж натпревари за СП 2019 година. Македонската женската сениорска репрезентација за противник во баражот ја доби селекцијата на Словенија.

Првата средба ќе се одигра во Македонија во период меѓу 31.05.2019 – 02.06.2019 година, реванш натпреварот сениорките ќе го одиграат во Словенија во период од 04.06.2019 до 06.06.2019 година.

Победникот од бараж двомечот ќе обезбеди учество на СП 2019 во Кумамото, Јапонија во период од 30 ноември до 15 декември 2019 година.

 

Двојки за бараж за СП 2019:

Македонија – Словенија

Хрватска – Германија

Данска – Швајцарија

Шведска – Словачка

Белорусија – Норвешка

Србија – Полска

Чешка – Црна Гора

Шпанија – Исланд

Австрија – Унгарија

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,