Сениорките го завршија подготвителниот турнир во Турција, последни подготовки пред Шведска во Скопје

Сениорките го завршија подготвителниот турнир во Турција, последни подготовки пред Шведска во Скопје

Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија одигра три средби на меѓународниот подготвителен турнир во Анкара, Турција, каде оствари по една победа, пораз и еден нерешен резултат. Избраничките на Симе Симовски веќе вечерва продолжуваат со редовни тренинзи во Скопје, пред заминувањето за Шведска на натпреварот од Квалификациите за ЕП 2018.

Симовски на турнирот замина со некомплетен состав, поради активностите на дел од репрезентативките на клупски план, а за очекување е дека вечерва на собирот во СРЦ Кале (од 18:30 часот) тимот ќе се комплетира.

На првиот натпревар од турнирот, против селекцијата на Турција, Македонија доживеа пораз од 30-26, додека на втората средба се играше нерешено 30-30. На последниот меч, одигран вчера против селекцијата на Италија, нашата репрезентација и покрај тоа што имаше негатива на полувремето од 15-13, во вториот дел одигра многу подобро и со пресврт стигна до победа од 29-24.

Македонија ги отвора квалификациите за ЕП 2018 во среда на 27 септември против првиот фаворит во групата, селекцијата на Шведска, на гостински терен во Линд. Четири дена подоцна, во недела, во СРЦ „Кале“ во Скопје од 19:00 часот, нашите ракометарки ќе ја пречекаат Србија.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,