РК Металург е кадетски шампион на Македонија

РК Металург е кадетски шампион на Македонија

Викендов во салата „Автокоманда“ во Скопје се одржа завршниот турнир во Кадетска машка конкуренција, по кој РК Металург го освои трофејот победувајќи го РК Вардар во финалето со 27-25. Во мечот за третото место, РК Струга славеше во тесна завршница против РК Јуниор Ивни со 30-29 во струшкото дерби.

Пред овие две последни средби кои го одредија конечниот ранкинг на тимовите, во салата „Автокоманда“ одиграни беа и полуфиналните натпревари кои исто така беа неизвесни до самиот крај и во кои скопските екипи ги совладаа двете струшки екипи. РК Вардар беше подобар од РК Струга со 28-27, додека РК Металург го совлада РК Јуниор Ивни со 29-26.

За најдобар играч на турнирот прогласен беше ракометарот на РК Струга, Сеад Бајрамовски, а член на РК Струга е и најдобриот стрелец на турнирот, Цветан Кузмановски. За најдобар голман беше прогласен кадетскиот репрезентативец Марко Кизиќ од РК Вардар.

 

Фајнл Фор турнир – Кадетска лига мажи, резултати:
Полуфинале
Металург – Јуниор Ивни 29-26 (15-12)
Вардар – Струга 28-27 (18-15)
Натпревар за 3 место
Јуниор Ивни – Струга 29-30 (14-16)
Финале
Металург – Вардар 27-25 (17-14)

09042201733_DSC0004_resize

09042201733_DSC0010_resize

09042201733_DSC0040_resize

09042201733_DSC0034_resize

 

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,