Пријателски натпревар Македонија – Чиле 28:24

Пријателски натпревар Македонија – Чиле 28:24

Сениорската репрезентација на Македонија го одигра и вториот пријатески натпревар во СЦ “Јане Сандански” против репрезентацијата на Чиле. Натпреварот заврши со победа за Македонија 28:24, на полувреме 16:12.

Во воведните минути од натпреварот се играше изедначено, а како се развиваше мечот така нашата репрезентација ја преземаше контролата и поведе со 11-08 по дваесет минути игра. Водството на македонскиот тим не беше загрозено до крајот на првиот дел на полувреме беше 16-12, а Македонија постојано имаше контрола врз резултатот и во второто полувреме.

IMG_5559

Репрезентацијата на Чиле успеа да се доближи до гол негатива (19-18), но потоа следеше сигурна игра во одбраната и во нападот за на крај натпреварот да заврши со 28:24 за Македонија.

Најефикасни ракометари за националниот тим беа Филип Кузмановски и Мартин Поповски со по 4 постигнати погодоци.IMG_5675

Слика4

 

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,