Победа на Македонија против Бугарија и на вториот пријателски натпревар

Победа на Македонија против Бугарија и на вториот пријателски натпревар

Машката јуниорска репрезентација на Македонија (У20) ја совлада Бугарија и на денешниот втор пријателски дуел што се играше во Скопје. По изедначеното прво  полувреме, избраниците на Александар Јовиќ победија со 31-21.

По вчерашниот убедлив триумф во кој Македонија водеше во текот на сите 60 минути, денеска најголемиот дел од првото полувреме Бугарија го помина во минимално водство. Пред крајот на полувремето, Бугарија поведе со највисоки 13-10, но нашата репрезентација до паузата направи серија од 3-0 и на одмор се замина со изедначени 13-13.

Рано во второто полувреме нашиот тим направи серија од 4-0 и успеа резултатски да се одлепи, а потоа до крајот постојано и го зголемуваше водството. Во однос на вчерашната средба, Македонија денеска настапи без Филип Кузмановски.

Македонија – Бугарија 31-21 (13-13)
Македонија: Талески 10, Крстевски 6, Велковски 6, Танкоски 2, Димитриоски 2, Јагуриновски 2, Маркудов 2, Палевски 1
Бугарија: Палчев 8, Сарандев 3, Иванов 2, Илиев 2, Атанасов 1, Тодоров 1, Најденов 1, Петров 1, Џока 1, Славов 1

Двата натпревари против Бугарија што се играа во салата Автокоманда во Скопје се во склоп на подготовките за настап на нашите јуниори на Квалификациите за ЕП 2016. Квалификацискиот турнир се игра во Шафхаузен во Швајцарија во периодот од 8 до 10 април, а наши противници во групата се Црна Гора, Фарски Острови и домаќинот Швајцарија. Најдобро-пласираните две селекции од групата ќе обезбедат пласман на ЕП во Данска 2016.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,