Одиграно првото коло во машката и женската Суперлига

Одиграно првото коло во машката и женската Суперлига

Викендов се одиграа пет натпревари со кои се комплетираше првото коло од новата сезона 2016/17 во машката ВИП Суперлига. Сениорски ракомет се играше и во женска конкуренција, каде домашните екипи остварија победи во сите три одиграни средби.

Два исклучително интересни натпревари се одиграа во петокот за отворање на првото коло. Пролет одржуваше благо водство во најголемиот дел од средбата против Металург 2, но гостинскиот состав во самата завршница успеа да ја надополни негативата и со погодокот на Горан Крстевски во последната секунда ги постави конечните 26-26. Во петокот се играше и битолското дерби помеѓу Пелистер и Еурофарм Работник, а пред полните трибини на салата „Младост“, Пелистер одигра подобро второ полувреме и победи со 24-21.

Неизвесно беше и во саботата на средбата помеѓу Радовиш и ГРК Борец, а гостинот од Велес иако водеше на 4 минути до крајот со 25-22, не успеа да ја задржи предноста. Во завршницата, Левов, Милосављевиќ, Фенов и Мачевалов погодија во серија и Радовиш прослави триумф од 26-25. Прилеп на домашен терен успешно одржуваше водство против Вардар Јуниор во текот на целата средба и заслужено славеше со 31-24, а сигурен беше и Охрид против Работнички, остварувајќи ја едиствената победа на гостински терен со 29-18.

ВИП Суперлига Мажи – Резултати 1.коло:
Пролет – Металург2 26-26
Пелистер – Еурофарм Работник 24-21
Прилеп – Вардар Јуниор 31-24
Радовиш – ГРК Борец 26-25
Работнички – Охрид 18-29

Новата сезона во Женската лига почна со дерби помеѓу Металург и Вардар СЦЈС, кое во неизвесната завршница му припадна на Металург. Во последната минута од средбата, Габриела Величковска погоди седмерец за Металург со кој ги постави конечните 22-21. Со истиот резултат (22-21) тимот на Овче Поле славеше против Пелистер, а најубедливата победа во првото коло ја оствари Куманово кој во дуелот со Прилеп победи со 29-23.

Женска Лига – Резултати 1.коло:
Металург – Вардар СЦЈС 22-21
Куманово – Прилеп 29-23
Овче Поле – Пелистер 22-21

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,