Прелиминарен список на машката репрезентација за ЕП во Полска

Прелиминарен список на машката репрезентација за ЕП во Полска

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави прелиминарниот список од 28 ракометари за Европското Првенство што ќе се одржи во Полска на почетокот на 2016 година.

Според правилата и регулативите на ЕХФ, списокот и натаму може да подлежи на промени, заклучно со 12 декември, кога е краен рок за објавување на конечниот список.

ПРЕЛИМИНАРЕН СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ЕП 2016

Нашата сениорска репрезентација на Првенството се наоѓа во силната Група А, заедно со Франција, Србија и домаќинот Полска, а натпреварите ќе се играат во Краков во периодот од 15 до 19 јануари 2016 година.

Инаку ова ќе биде трето учество по ред на сениорите на најголемото континентално натпреварување, по настапите во Србија во 2012 и Данска во 2014 година, односно вкупно четврто во историјата, откако нашата најдобра машка селекција беше дел и од Европското во Италија во 1998 година.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,