Македонија поразена од Чешка за крај на полуфиналните надежи

Македонија поразена од Чешка за крај на полуфиналните надежи

И покрај водството во речиси целиот тек од натпреварот во Вараждин, селекцијата на Македонија доживеа пораз од Чешка со 25-24, со што испадна од трката за полуфинале на ЕП. Натпреварот против Данска е последен за нашите репрезентативци во втората фаза.

И покрај отсуството на капитенот Кирил Лазаров кој се повреди на претходната средба со Шпанија, Македонија добро го почна натпреварот и со одлична игра во одбраната рано дојде до 4 гола предност (6-2). Избраниците на Раул Гонзалез го одржуваа тоа водство во текот на целото прво полувреме, сепак непосредно пред паузата, Чешка и во моменти кога имаше ракометар помалку на паркетот, постигна два гола во серија и на полувреме се замина со 13-11 за Македонија.

Во текот на првите 10 минути од второто полувреме разликата повторно се зголеми, Македонија поведе и со најубедливи 20-15, но немаше сили во завршницата да ја задржи предноста, Чешка предводена од својот голман успеа комплетно да се врати и да направи пресврт во самата последна минута за победа од 25-24.

Филип Талески со 5 гола беше најдобар стрелец во нашиот тим, Велковски, Стоилов и Миркуловски кои одиграа одличен натпревар постигнаа по 4 погодоци. Дејан Манасков беше стрелец на 3 гола, Кирил Лазаров реализираше два седмерци, а по еден гол постигнаа и Георгиевски и Пешевски. Борко Ристовски одбрани 11 удари од кои 7 само во првото полувреме.

Со овој пораз, Македонија ги загуби шансите за полуфинале на ЕП во Хрватска. Останува борбата за третата позиција на табелата која би водела во разигрување за 5 место на Првенството. Последниот натпревар од главната фаза Македонија го игра денеска против Данска од 18:15 часот.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,