Македонија поразена од Аргентина во првото коло на кадетското СП

Македонија поразена од Аргентина во првото коло на кадетското СП

Македонија го загуби првиот натпревар на мундијалот. Аргентина беше со подебели нерви во вториот дел, ги искористи своите шанси и на крајот се радуваше на првите бодови (23-20).

Аргентина поведе со 2-1 и имаше и шанса да ја зголеми предноста. Mакедонија одигра добар период и стигна до 6:3, но веднаш следеше израмнување. Македонија одигра добро во одбрана со поддршка од голманот за повторно да поведе со три гола 9:6, а до крајот на полувремето ја задржа предноста 13:9.

По седум минути игра во вториот дел беше 15-11, но влезе во кризен период Македонија и во 48 минута Аргентина израмни на 16:16.

По ова се играше гол за гол, Македонија водеше 19:18, но потоа работите отидоа во погрешен правец и Аргентина го презеде водство. Многу промашени удари, пенали и на крајот Аргентина имаше недостижно водство од 22-20 на пола минута до крајот. Конечниот резултат е 23-20 за Аргентина.

Ненад Костески постигна 6 гола, а голманот Кизиќ имаше важни одбрани и тие беа највпечатливите играчи во македонскиот тим.

Следен натпревар на Македонија е на 08.08.19 (четврток) против селекцијата на Нигерија.
Натпреварот се игра во СЦ Борис Трајковски со почеток во 20:30 часот. Влезот во салата е слободен.

mkd1 mkd2

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,