Македонија го почнува Светското Првенство во Франција

Македонија го почнува Светското Првенство во Франција

Сениорската машка репрезентација на Македонија денеска од 17:45 часот со натпреварот против Тунис во Мец, го почнува настапот на Светското ракометно првенство во Франција.

Избраниците на Лино Червар по пристигнувањето во францускиот град одработија два тренинзи на кои имаа можност да се приспособат на условите во салата во која денеска ќе го стартуваат Првенството.

Во изјавите за медимуте, селекторот и ракометарите потенцираа на големата мотивација и желба што подобро да се стартуваат натпреварите во групата, како и на добрата атмосфера и силниот тимски дух кој владее во репрезентацијата.

Натпреварот помеѓу Македонија и Тунис во арената во Мец стартува од 17:45 часот, а покрај оваа средба, во нашата група денеска ќе играат и Словенија – Ангола од 14:00, како и Шпанија – Исланд од 20:45 часот.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,