Кадетите со драматична победа над Украина

Кадетите со драматична победа над Украина

Во максимално неизвесна завршница, Кадетската машка репрезентација на Македонија ја совлада Украина со 28-27 во третиот натпревар на ЕХФ Шампионатот што се одржува во Бугарија.

Македонија по само 5 минути игра поведе со 6-2, па и покрај тоа што во продолжението се играше главно изедначен натпревар, нашиот тим во ниту еден момент не ја испушти предноста. На полувремето разликата изнесуваше 3 голови за Македонија (17-14), во текот на второто полувреме неколкупати поведувавме и со 4 голови, сепак Украина на 5 минути до крајот се приближи до 1 гол негатива, а имаше и седмерец. Но Матеј Петковски го одбрани седмерецот на Украинците и не дозволи изедначување, а во неизвесната завршница нашите ракометари знаеја како да ја одржат предноста за конечен триумф од 28-27.

Димитар Димитриоски со 10 голови беше прв стрелец во нашиот тим, а 6 голови додаде Дарио Петровски. Марио Танкоски одлигра одличен меч на двата краја од теренот и со 5 постигнати голови го доби признанието за најдобар играч на мечот, Филип Арсеновски исто така имаше впечатлива улога во одбраната а постигна и 4 погодоци, а во листата на стрелци се запишаа и Мартин Серафимов со 2 голови и Томислав Јагуриновски со 1 гол.

Ова е трет триумф за нашите кадети во исто толку натпревари на ЕХФ Шампионатот што се игра во Бугарија. Утре е слободен ден, во петок се среќаваме со Косово, а во сабота ќе играме против Унгарија за крај на групната фаза. Последниот меч од Шампионатот кој ќе го одреди конечниот пласман се игра во недела.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,