Кадетите го почнуваат меѓународниот турнир во Романија

Кадетите го почнуваат меѓународниот турнир во Романија

Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 18 години) денеска со натпревар против Израел од 18:30 часот го почнува меѓународниот подготвителен турнир што се игра во романскиот град Васлуи.

Кадетите вчера пристигнаа во Романија, а синоќа одржаа и тренинг во салата во Васлуи каде во наредните три дена ќе се одиграат вкупно шест средби од меѓународниот турнир на кој покрај Македонија и домаќинот Романија, ќе настапат уште Израел и Украина.

Пренос од сите натпревари од турнирот е најавен во живо на следниот линк:
https://www.youtube.com/channel/UCr742PTqueo_UDMNk_7VWzg

Распоред на натпревари:
15.12.2017 (18:30) Македонија – Израел
16.12.2017 (16:30) Македонија – Романија
17.12.2017 (10:30) Македонија – Украина

Овој турнир е во склоп на подготовките на нашата кадетска репрезентација за настапот на ЕХФ Шампионатот што во јули 2018 година ќе се игра во Грузија, како и за Светското Првенство за оваа генерација што во текот на летото 2019 ќе се игра во Скопје.

2

3

4

Afis A3 VIITORUL AZI web (1)

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,