Јуниорите во група со Полска, Португалија и Турција во Квалификациите за СП

Јуниорите во група со Полска, Португалија и Турција во Квалификациите за СП

Денеска во просториите на ЕХФ во Виена извлечени беа седумте квалификациски групи за Светското Јуниорско Првенство (до 21 година) што во јули 2017 година ќе се игра во Алжир. Македонија го доби правото да биде организатор на својата квалификациска група (Група 3).

Квалификациите за СП ќе се играат по турнирски систем, поточно во периодот од 6 до 8 јануари 2017 година ќе се одиграат сите натпревари. Македонија го доби правото да биде организатор на Групата 3 во која беше извлечена заедно со Полска, Португалија и Турција, а само победниците од секоја од групите ќе обезбедат учество на Светското Првенство.

Нашата репрезентација до 21 година летово учествуваше на Европско Првентво во Данска и се пласираше на 15-та позиција.

Квалификации за СП 2017 (6-8.01.2017):

Група 1: Холандија, Русија, Италија, Летонија
Група 2: Данска, Шведска, Романија, Бугарија
Група 3: Полска, Португалија, МАКЕДОНИЈА, Турција
Група 4: Словенија, Словачка, Украина, Косово
Група 5: Исланд, Србија, Литванија, Грција
Група 6: Унгарија, Чешка, Австрија, Црна Гора
Група 7: Швајцарија, Израел, Фарски Острови, Финска

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,