Јуниорите против Србија во борба за пласман од 13 до 16 место на ЕП

Јуниорите против Србија во борба за пласман од 13 до 16 место на ЕП

Јуниорската репрезентација на Македонија (до 20 години) по поразите од Шведска и Унгарија во втората фаза од Европското Првенство што се игра во Данска, во петок ќе разигрува против селекцијата на Србија за дефинирање на пласманот на ЕП.

Македонија ја заврши втората фаза на четвртата позиција во групата, по што ќе се сретне со третопласираната селекција од другата група за пласман – селекцијата на Србија. Натпреварот против Србија ќе се одигра во петок од 13:00 часот, а победникот во сабота ќе игра против подобриот од мечот Шведска – Русија за 13-та позиција на ЕП. Поразените две селекции од овие два натпревари, во сабота ќе играат за пласман на 15-та позиција.

Европското Првенство до 20 години во Данска завршува во недела, а нашата репрезентација во понеделник рано изутрина се враќа за Скопје.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,