Гостинска победа на Сениорките над Фарски Острови

Гостинска победа на Сениорките над Фарски Острови

Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во Квалификациите за ЕП 2018, откако во третото квалификациско коло славеше во Торшавн над Фарски Острови со 22-15.

Избраничките на Симе Симовски имаа проблеми во реализацијата на почетокот на средбата, а домашната селекција тоа го искористи и во поведе во еден момент со највисоки три голови разлика (7-4). Сепак, цврстата игра во одбраната на Македонија не дозволи селекцијата на Фарски Острови посериозно да се одлепи, па до крајот на првото полувреме нашите ракометарки стигнаа до нерешени 7-7. Рано во второто полувреме Македонија го превзема водството кое постојано до крајот на средбата го зголемуваше за конечен и заслужен триумф од 22-15.

Сара Ристовска со 8 голови беше најдобар стрелец во нашиот состав, Бајрамоска и Керамичиева додадоа по 4 гола, Гакидова постигна 3, а во листата на стрелци се запишаа и Саздовска со 2 гола и Елена Георгиевска која реализираше 1 погодок. Добар настап на голот на нашата репрезентација, пред се во второто полувреме, имаше Матеја Серафимова.

Ова се први бодови за Македонија во Квалификациите за ЕП 2018, во очекување на втората средба со Фарски Острови која се игра во недела во СРЦ „Кале“ во Скопје. Почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот, а влезот во салата ќе биде отворен за посетители.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,