Годишна конференција за клубови од Кадетски и Пионерски лиги

Годишна конференција за клубови од Кадетски и Пионерски лиги

Комесарот за младински натпревари закажува годишна конференција на клубовите од кадетска и пионерска машка и женска ракометна лига. Конференцијата ќе се одржи во Скопје на ден 30.08.2016 (вторник) со почеток од 14:00 часот во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Дневен ред:
1. Разгледување на годишните извештаи за кадетска и пионерска машка и женска ракометна лига.
2. Разгледување на предлог Пропозициите за кадетска и пионерска машка и женска ракометна лига за натпреварувачка сезона 2016/17.
3. Утврдување на почеток на есенска полусезона.
4. Влечење на натпреварувачки броеви.

Комесар за младински натпревари,
Јовица Крстаноски

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,