(Фото) Шеста титула по ред за ЖРК Вардар

(Фото) Шеста титула по ред за ЖРК Вардар

Ракометарките на Вардар против Металург го одиграа последниот натпревар од Првенството за сезоната 2017/18, со што уште еднаш без пораз ја освоија титулата во Националниот шампионат.

Без посериозни проблеми Вардар го совлада Металург во последната средба со 49-24, завршувајќи го Првенството со 84 бода во 28 натпревари, односно со максимален учинок. Во одбрана на двојната круна во домашните натпреварувања од минатата сезона, Вардар го очекува настапот во Македонскиот Куп. Фајнл Фор турнирот во Купот ќе се одигра викендов (19 и 20 мај) во СЦ „Јане Сандански“.

За ракометарките на Вардар ова беше шести трофеј од Првенството и шести по ред, откако за прв пат славеа во сезоната 2012/13. Со тоа Вардар се зацврстува на втората позиција меѓу најуспешните во историјата на натпреварувањето, со три трофеи повеќе од Металург. Сите преостанати сезони во Женската Суперлига му припаднаа на Кометал Ѓорче Петров, кој со 17 трофеи (од 1992/93 до 2008/09) и натаму е најуспешниот македонски женски клуб.zrkvardar1 zrkvardar2 zrkvardar3

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,