ЕХФ го претстави новиот систем за Квалификациите за ЕП 2020

ЕХФ го претстави новиот систем за Квалификациите за ЕП 2020

На ЕХФ Конгресот што викендов се одржува во Букурешт, Романија, претставен беше новиот систем на Квалификации за машкото Европско Првенство во 2020 година, на кое за разлика од досегашните 16, треба да учествуваат 24 репрезентации.

Европската Федерација презентираше три предлози за новиот квалификациски циклус, а која варијанта ќе се применува ќе биде конечно одлучено до средината на 2017 година. Домаќини на Европското Првенство во 2020 година ќе бидат три земји – Австрија, Шведска и Норвешка, кои заедно со актуелниот шампион, нема да играат во квалификациите, односно директно ќе обезбедат пласман на завршницата.

Предлог бр.1
Сите репрезентации (освен четирите со директен пласман) ќе бидат поделени во 10 групи од по 4 репрезентации. Најдобропласираните две репрезентации од секоја група ќе се пласираат на ЕП.

Предлог бр.2
Квалификации во две фази. Во првата фаза ќе играат најслабо-рангираните репрезентации. Во втората фаза ќе учествуваат 32 репрезентации, кои ќе бидат поделени во 8 групи од по 4 репрезентации. Од нив, најдобропласираните две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман на ЕП, додека третопласираните ќе играат плејоф. Од осумте третопласирани репрезентации, четири ќе обезбедат пласман на ЕП.

Предлог бр.3
Идентично како Предлог бр.2, со единствена разлика што во првата фаза, наместо квалификации на најслабо-рангираните репрезентации, ќе се одигра турнир. Втората фаза останува иста како во Предлог бр.2.

Европското Првенство во 2020 година ќе биде прво на кое ќе настапуваат 24 репрезентации. На ЕП во Полска што ќе се игра во јануари 2016 и на ЕП во Хрватска во 2018 година, ќе се игра по стариот систем – со 16 репрезентации.

Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Останати вести

Информација за медиуми

Почитувани, Ракометна Федерација на Македонија (РФМ) работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените

Информација

Почитувани, Ве информираме Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35,